Оваа година општина Штип продолжува со обнова на локалната патна инфраструктура, за што до пролет, кога ќе започнат градежните зафати, има за цел да ја заврши тендерската постапка за неколку улици, сообраќајници и пристап до рурални средини.
До сега се завршени пет тендерски постапки, а во тек се уште десетина.
Одговорните за јавни набавки, ги завршија постапките за асфалтирање на пат до село Суво Грло, асфалтирање на улица во „Дузлачки рид“, улица во населба „Балканска“, обнова на асфалт на дел од постоечка улица во населба „Блок 2000“ до крак кон населба Света Недела и обнова на асфалт на дел од улица „Партизанска“, односно кракот од сообраќајницата кој поминува покрај Дом на млади до автобуската станица.
Во тек се неколку тендерски постапи кои се очекува наскоро да завршат а тоа се:
– асфалтирање на дел од улица „Косовска“
– асфалтирање на дел од улици во село Врсаково
– асфалтирање на дел од улици во Чардаклија
– асфалтирање на улици во с. Караорман – Штип (од крак 1 до крак 14)
– асфалтирање на крак 1, 2, 3, 4 и крак 5 во населба „Железничка“
– асфалтирање на дел од улиците во м.в. Мерите
– обнова на асфалт на дел од постоечка улица „11 ти Конгрес“ во населба Баби
– асфалтирање на крак1, 2, 3, 4 и крак 5 на улица „Широк Дол“
Општина Штип лани асфалтираше над 40 улици, при што само за локалните патишта се инвестирани над 1,5 милиони евра, и плус дополнително државни средства за асфалтирање на патни правци до рурални средини.