Насловна / Архитектура / Мартин Гулески: Добрите архитекти секаде се добри!

Мартин Гулески: Добрите архитекти секаде се добри!

Добитник на овогодишната награда „Андреја Дамјанов“ е архитектот Мартин Гулески. Ова признание секоја година се доделува за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството кај нас. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што му беше врачено признанието, беше преполна со почитувачи на неговото дело, пријатели и колеги.andrej damjanov 2015 (5)

Изборот на добитникот го направи петчлена Комисија во чиј состав беа минатодишниот лауреат на истата награда, архитектот Вера Ќосевска и нејзините колеги  Искра Ефремова, Влатко П. Коробар, Миодраг Митровиќ и Ѓоко Радовановиќ. Во образложението на наградата жирито нагласи: „Кај Мартин Гулески, како и кај сите вистински учители по архитектура, не постои поделеност меѓу проектот, исказот, цртежот и творбата, туку тие претставуваат единствена целина и потврда за целосна посветеност на архитектурата“. Рационалноста како особеност на неговата архитектура е основа и на неговиот пристап во подучувањето на новите генерации архитекти. Таа рационалност го олеснува прецизното пренесување на пораките, но истовремено е алатка преку која може полесно да се навлезе во сета сложеност на архитектонскиот проект.andrej damjanov 2015 (12)

Според жирито, станува збор за сестрана личност, чие творештво е создадено врз три основни, наизглед различни но всушност, меѓусебно поврзани дејности: архитектонското проектирање и истражување, педагошката дејност и општествено-јавниот ангажман.andrej damjanov 2015

Гулески, како проектант и истражувач, е присутен, без малку, половина век во нашата земја, но и во странство. Тој создава архитектура во интернационален стил, кој во своите рамки овозможува флексибилност на секој талентиран творец, со можност за истакнување на својата особеност, која е видно присутна во неговото творештво. Во дел од неговите проекти и истражувања е изразена и спрегата меѓу архитектонското национално наследство и современиот интернационален стил во архитектурата.andrej damjanov 2015 (15)

Во творечкиот опус на Гулески видно место зазема активното и успешното учество на многубројните архитектонски конкурси, како и јавните настапи уште од 1967 година во нашата земја и во странство. Учествува во тимот што ја претставува Република Македонија на Венециското биенале во 2008 и 2010 година, а изложува и три пати во Салонот за архитектура во Белград. За своите проекти е добитник на повеќе награди за архитектура, како и за реализирани објекти и истражувања. Неговото творештво ја потврдува аксиомата на познатиот римски архитект и градител Витрувие: „Ниту талент без наука, ниту пак наука без талент не можат да создаваат архитектура“.

Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, за Гулески ќе каже: „Професорот Гулески и ако не го познавате, или ако случајно се разминете со него или пак го слушнете како зборува, веднаш знаете дека е архитект. Го поседува оној сјај во окото, онаа страст и опседнатост со архитектурата низ сите нејзини начини на изразување, цртеж, говор, предавање, макета, проект, објект. Тоа тој не може да го сокрие, едноставно излегува од него. Тоа го препознаваат и неговите колеги и неговите студенти. Впечатокот што го остава кај студентите е многу значаен. Белегот што го оставил во архитектонската школа е незаменлив, единствен и препознатлив. Кај идните архитекти тоа останува за цел живот, таа позитивна трага влијае врз нивното натамошно творење“.Guleski

Мартин Гулески е роден во Струмица во 1945 година, a своето основно и средно образование ги завршил во Скопје. Вонучилишните активности во макетарските секции во рамките на основното училиште и пионерскиот дом Карпош, претставуваат неизоставен дел од неговото дополнително образование. Љубовта кон архитектурата, најверојатно му е влеана таму уште при првата средба со архитектонските градби, преку изработка на нивни макети во просториите на ателјето на тројца архитекти кои, покрај својата професионална активност, неформално учат неколку ученици од основно училиште за да ја совладаат вештината на изработка на макети од хартија.Ajvar 01

Гулески дипломирал на Архитектонскиот факултет при Политехничкиот институт во Лвов, Украина, во 1969 година. Студентските години ќе остават значајно влијание врз формирањето на неговиот иден професионален однос, каде што клучно место зазема педагошкиот и професионалниот однос на повеќе професори. Можноста за заедничката работа со нив на реални проекти, задолжителните практични градежни обуки по секоја учебна година, а особено преддипломската практична работа во траење од половина година во едно од проектантските бироа во градот, го комплетираат неговото професионално образование. Доброволното учество во работата на еден од студентските градежни одреди во траење од два месеца, со успешна реализација на неколку објекти, најдобро сведочат за квалитетот и сестраноста на петгодишното образование. Студискиот престој на Московскиот архитектонски институт, во траење од една учебна година, ги проширува и продлабочува познавањата за состојбите во архитектурата од периодот на советската авангарда и претставуваат база за натамошното усовршување на сопственото образование.Maketi_Proekti 01

Својата проектантска кариера Мартин Гулески ја започнува веднаш по дипломирањето, во проектантското биро „Пелагонија проект“. Во 1972 година е избран за асистент на Архитектонски факултет Скопје на Катедрата за Проектирање на општествени згради. Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград, Србија, во 1986 година, а во 1991 година го брани својот докторски труд на тема „Проблемот на флексибилноста на просторот на повеќенаменските згради за култура“ на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што е избран за доцент во 1992 година.

AFS 02

Има блиска соработка на секој план и во секакви околности со професорите Борис Чипан, Славко Брезоски, Живко Поповски и Михајло Волканов, и асистентите (денес доценти и професори), Анета Христова /Поповска), Михајло Зиновски, а потоа и со голем број наставници и асистенти од наставниот колектив на факултетот, при изработката на околу 40 проекти. Сето тоа во текот на повеќе од три децении, претставува постојан растеж и надградба на личниот професионален профил. Веројатно омилен дел од работата во областа на архитектурата е несебичната желба за пренесување на знаењето и умеењето на генерациите што доаѓаат. Успешното извршување на оваа задача воедно значи и благодарност кон сите негови учители.197x_AF so Volkanov Dime Koksleski 003

Заминувањето на Гулески во Лвов, Украина, може да се каже дека е по сила на приликите. Катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година направи речиси цела генерација студенти да заминат на студии надвор од Скопје. Кои во градови на бившата Југославија, кои во странство, а не мал број, 30 студенти, како што вели самиот Гулески беа стипендијанти на Владата на Советскиот Сојуз, како донација за Скопскиот универзитет во тие тешки времиња. Во 1976 година тој соработува со групата „Ајвар“, која станува најголем приватен проектантски бренд. Оттогаш почнува неговата дружба со добри професионалци, пријатели, која носи и резултати. Од 1991 година Мартин Гулески е постојан соработник во проектантското биро „Ателје Ајвар“ во Скопје. Работата со групата „Ајвар“ за него претставува натамошна професионална надградба, основа за теоретски поуки во паралелната педагошка работа и обратно, проверка на учебната материја во практичната дејност.Ajvar 03

„Ако е така, тоа е голема чест за мене“, одговара Гулески на тврдењето дека генерации студенти го паметат како асистент, професор, колега, пријател, што можеби е неговата најголема животна оставштина. Проектите и делата остануваат да сведочат за едно време на творештво. За архитектот Гулески тоа се проектите изработени со професорот Влатко Коробар. Реализираната зграда на гимназијата „Нова“ во Скопје и нереализираниот проект за комплексот на Амбасадата на Република Македонија во Анкара, Република Турција.54  9

За „Скопје 2014“, кого архитектонската фела го отфрли априори како големо урбанистичко и архитектонско промашување, и за тоа дали после „Скопје 2014“ е можно едно „Скопје 2020“ со нови светски проекти да го „покрие“ стореното, Гулески вели: „За овој проект не треба воопшто да се разговара. За ниту една негова димензија. Само треба да се каже дека тој е пример како не треба да се работи, и толку. Имав еден професор на факултет, кој уште тогаш ни кажуваше дека, како што има примери од кои се учи како треба, има и примери од кои се учи како не треба. Е, ова е токму она што не треба“.Kiev 01

Абасадорувањето во Украина е дел од општествено-политичката активност на Гулески. „Мислам дека претседателот Трајковски сакаше да му испрати на тогашниот претседател на Украина некој што ја познава неговата држава. Јас таму живеев пет години, мојата сопруга е од таму, и тоа ја дополнува сликата. Сериозна, одговорна и престижна активност за достоинствено претставување на   татковината надвор од нејзините граници“, вели Гулески.

На тврдењето дека архитектонски анонимуси направија карикатурални животни дела во македонската архитектура денес, и прашањето дали може наш архитект да биде конкурентен надвор, одговорот е кус: „Добрите архитекти секаде се добри!“

Што после „Андреја Дамјанов“?

„Работа како и пред тоа“, вели Гулески, истакнувајќи дека му е чест што ќе биде претставен на страниците на ПОРТА 3.10  9 02 9

Проекти и признанија

Архитектот Мартин Гулески во својата богата професионална кариера е автор на повеќе од 100 проекти и 20 реализации. Учествувал и е наградуван на повеќе од 20 домашни и меѓународни конкурси. Србија, Хрватска, Црна Гора и Иран се држави каде учествувал и освојувал награди. Типски школи во СР Б и Х, Сараево, 1976, Рекреативен центар „Бундек“, Загреб,1977 – откуп,  Музеј на град Белград, Белград, 1977,  Спомен дом, Жабљак, 1977 – откуп,  Национална библиотека Пахлави, Техеран, 1978, Национална и универзитетска библиотека, Загреб,1978– откуп, Спортска сала Задар, Задар, 1983 – откуп, и други. Особено значење во професионалното работење во групата, подоцна и во Ателјето Ајвар, имаат двете самостојни изложби 10 и 25 години архитектура во рамките на биеналните манифестации на ААМ во просториите на Националната галерија Даут пашин амам и Музејот на современата уметност во Скопје. Учествува во работата на летни школи, архитектонски работилници, архитектонски манифестации, изложби, издавачки редакции на архитектонски списанија и е член на разни стручни комисии.04  9

Добитник е на двете најпрестижни награди што ги доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – Големата годишна награда за архитектура на ААМ во 2000 година, како и Гран при на БИМАС 2002 година и двете за објектот на Гимназијата „Нова“ во Скопје (проект работен со професорот Влатко П. Коробар). Во 2008 и 2010 година е дел од тимовите што ја претставуваат Република Македонија на Венециското биенале за архитектура, и тоа во 2008 година како соавтор на проектот „Метамак отсечоци“, и во 2010 година, како педагог на проектот „Учење од архитектурата“._DSC0979_DSC0981

_DSC0985 _DSC0989 _DSC0992 _DSC0991 _DSC1003 _DSC0986_DSC0999 _DSC0990 _DSC0983

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top