Насловна / Вести / И кошаркарот Владе Дивац вози електричен автомобил

И кошаркарот Владе Дивац вози електричен автомобил

vlade-divac-tesla

Легендарниот кошаркар Владе Дивац го поседува најдобриот електричен автомобил на светот – „Тесла“. Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс, по враќањето во Калифорнија одлучил да се чести со несекојдневен автомобил кој не ја загадува околината.  Моделот „Tesla S“  бил вистинскиот избор бидејќи овој „ѕвер на струја“ во 2013 година е прогласен за автомобил на годината, а според луксузот и перформансите може да застане на линија со најјаките верзии на „mercedes“, BMW и „audi“.

Tesla-Model-S-dash

Во зависност од моторот, овој автомобил во САД чини околу 80.000 долари, а интересно е што државата донира 7.500 долари за секој што ќе се одлучи да купи електричен автомобил.

Tesla-Model-S-cockpit-and-center-screen

Но, верзијата на Дивац е опремена со автопилот, најнов систем кој овозможува автомобилот сам да се паркира, безбедно да ја промени лентата при возењето, и дури и да дојде на повик од сопственикот. Актуелниот претседател на Олимпискиот комитет на Србија е воодушевен од овие опции. Моторот има моќност од 380 коњски сили, постигнува „стотка“ за  4,4 секунди, а максималната брзина е 209 km/h. Со едно полнење на батеријата поминува 300 km.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top