Утре (19 јануари) во Музејот на град Скопје со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“.
Изложбата се организира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Македонија.
Изложбата е дел од архивата на Бирото за обнова на градот Варшава и од 2011 година е вброена во престижната меѓународна листа „Меморија на светот“.
Полските водечки архитекти кои учествувале во пост-воената обнова на Варшава, како Циборовски, Јанковски, Клижевски, Мокжински и Виежбицки биле предводници и на плановите на Обединетите Нации за обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година.