Додека поголемиот дел од струдентската популација живее во домови со просечни, па дури и субстандардни услови (последново нам ни е добро познато), англиските студенти се стремат кон висок стил на живот.
Поради нивните барања за подобри студентски домови кои повеќе личат на хотелски апартмани, во англискиот град Лидс е отворен Тhe Edge, студентски хотел кој нуди луксузно сместување за студентите.
The Edge има 131 лукзузен апартман, кино сала, фитнес, соби за игри, посебни соби за учење и извонредна кујна. Во апартманите ги има сите технолошки уреди, модерно опремени бањи, низа апарати во кујната и намирници кои им се доставуваат на студентите во рамките на цената што ја плаќааат. Престојот чини 191 евро неделно.