Од 19 до 22 јануари 2016 во Салцбург, Австрија, ќе биде одржан 15. Меѓународен конгрес за рециклирање на електронски отпад (IERC). Некои од темите за кои ќе стане збор на овој конгрес, ќе бидат предизвиците на циркуларната економија, рециклирањето на благородните и стратешките метали, најдобрите достапни технологии за рециклирање, деловни можности од оваа област и друго. Во рамките на конференцијата ќе бидат одржани работилници посветени на секундарните суровини и литиумските батерии.