Електронскиот систем за издавање на одобренија за градење (Е-одобрение) во Општина Центар, нема да работи поради миграција на системите на понов сервер и мигрирање на податоците на глобално ниво.
– Електронските системи ќе работат со успорено темпо и со прекини во наредните неколку денови. Оние документи кои не зависат од главниот сервер и кои се изготвуваат на деск-топ компјутери ќе продолжат да се изготвуваат. Истиот проблем е и во архивата и во Секторот за финансии на општина Центар, информираат од општинското Одделение за информатичка технологија.
Воедно, од општина Центар апелираат до граѓаните за разбирање поради евентуално доцнење од неколку денови во изготвување на документацијата, бидејќи, како што посочуваат, комплетната подготовка на документацијата е целосно врзана со електронските системи во општината, кои се во фаза на преадаптирање.