Утре (13 јануари), галеријата „Сачи“ во Лондон, една од најголемите и највлијателни современи уметнички галерии во светот, ќе ја отвори изложбата Champagne Life, која ќе прикаже само дела на женски уметници.
Alice Anderson – Fort Da, 2011
Чарлс Сачи на меѓународната ликовна сцена изведе некои од многуте познати уметници денес, како што се Трејси Емин, Паула Рего и Сара Лукас. Овој трговец и колекционер со уметнички дела, по многу години одлучи да се врати на „женска“ тема и по повод 30-годишнината од формирањето на галеријата ќе биде домаќин на изложбата Champagne Life, која ќе вклучи дела исклучиво од женски автори.
Stephanie Quayle – Two Cows, 2013
Ќе бидат прикажани вкупно четиринаесет дела од целиот свет, а силната порака од оваа изложба е активната положба на жените во современата уметност, но се уште нецелосно прифатена.
Mequitta Ahuja – Rhyme Sequence: Wiggle Waggle, 2012
Изложбата ќе биде отворена до 6 март.
Seung Ah – Paik Autolandscape, 2012-2113
Julia Wachtel – Champagne Life, 2014