Насловна / Архитектура / Од руина до дом во кој секој би посакал да живее

Од руина до дом во кој секој би посакал да живее

Во светот сè почесто сме сведоци на примери каде голем број објекти од минатото, кои се стари и руинирани, се обновуваат користејќи ги придобивките на новите начини на градба, добиваат нови и современи ликови, па истите објекти наеднаш од руина се претвораат во домови во кои секој би посакал да живее.od ruina do dom (2)

Извонреден пример на ваква санација и ревитализација на еден стар објект е интервенцијата врз една селска штала во Велика Британија. Овој објект се наоѓа во Брогшејн во Северна Ирска и е пренаменет во едносемејна куќа. Проектанти на ова извонредно архитектонско дело се архитектите од тимот на архитектонското студио McGarry – Moon Architects, кои потекнуваат од едно мало место во близина на градот Колреин во Северна Ирска.od ruina do dom (13) od ruina do dom (12) od ruina do dom (14)

Нивната идеја е водена од постоечката состојба на шталата. На почетокот тие се соочиле со една руинирана и доста оштетена градба од која сопствениците сакале да направат современ и удобен дом во кој во иднина би живееле. Задачата на овој тим одлични архитекти во секој случај не била лесна, но тие на многу промислен и одмерен начин успеваат да се справат со сложената задача.od ruina do dom (15)

Идејата за спој на традиционалното и современото го прави ова архитектонско решение извонредно. Тие паметно ги искористуваат предностите на постојната состојба. Преубавиот начин на кој е изѕидана оваа штала му дава дополнителна естетска вредност на објектот.od ruina do dom od ruina do dom (3)

Задржувајќи и санирајќи ги постоечките ѕидовите, тие прават извонреден потег кој му дава дополнителна вредност, природност и топлина на овој објект. Опусот на ѕидање е исто така интересен поради тоа што тој користи камен речиси целосно, со исклучок на аглите, каде за попрецизно ѕидање се користат полни тули наместо делкан камен.

Интервенцијата за ре-изградба на овој објект се состои во вметнување на целосно нова конструкција во рамките на постоечките ѕидови. Сепак, поради староста на објектот и неговите оштетувања, овие ѕидови не можеле да се употребат како носечки.

od ruina do dom (7) od ruina do dom (3)

Аналогно на ова, носечката конструкција е целосно изведена од челик, така што таа е независна од постоечката градба. Проектантите се ослободуваат од вишокот камени ѕидови, па така онаму каде тие се потребни ги задржуваат, додека непотребните делови од ѕидовите како и постоечката кровна конструкција ги отстрануваат.

Оваа новопроектирана куќа сега се развива на две нивоа. Во приземјето, покрај влезот и влезната партија со гардероба и ветробран, и вертикалните комуникации кон катот, се јавуваат и две спални соби, бања и посебна просторија која служи како гардеробер. Ова ниво е опкружено со постоечките ѕидови каде се искористени и постоечките отвори, па така, тука се јавуваат релативно мали прозорски отвори.

На катот пак, е поставена една голема родителска спална соба во чиј склоп влегуваат тоалет и бања, а останатиот простор е целосно отворен и транспарентен и конзолно издаден кон надвор, што му дава акцент на јавен простор од куќата, кој е наменет, покрај другото, и за прием на гости.od ruina do dom (10)

Овој голем простор, каде се сместени дневниот простор, трпезаријата и кујната, се одликува со пространост, поврзаност и отвореност. Поради падот на теренот, главниот влез во куќата е на полуниво, од каде со по еден скалишен крак се пристапува кон приземјето, надолу, и кон катот, нагоре.

Ентериерното решение на овој простор исто така е извонредно. Користејќи чисти и јасни форми и материјали, ентериерот е јасен и топол. Користењето на белата боја во комбинација со изобилство на дрво, дава пријатна атмосфера во внатрешноста.

od ruina do dom (8)

За дополнително затоплување на амбиентот, физички и метафорички, задолжен е каминот кој зазема централна позиција во просторот. Глетката кон него во зимскиот период дополнително влијае на перцепцијата на просторот како топол.

Овој пример нека биде поттик за нас, во иднина да направиме вакви храбри, иновативни и креативни интервенции на нашите стари традиционални објекти кои во Македонија ги имаме во изобилство. Нашата архитектура од почетокот на 20 век ни нуди извонредни услови за вакви и слични интервенции на неа, со што ќе ја обновиме, оживееме и ќе и го продолжиме нејзиниот век на траење.od ruina do dom (9) od ruina do dom (11)

Испрати коментар

Scroll To Top