Остатоците од маж откриени се кога работници ја истражувале почвата заради проширување на основно училише во Њухевен, во Шкотска.
Работејќи со форензичкиот уметник Хајли Фишер, рекреирале изглед на лице на маж за кој се мисли дека е стар 50 години. Се верува дека е погубен заради пиратство или некое друго злосторство, затоа што е закопан во плиток неозначен гроб.
– Единбург секако има интересна историја и одделни археолошки откритија се пронајдени на најчудни места. Благодарејќи на новите техники на истражување, археолозите сега знаат дека лицето најверојато било жртва на убиство и многу веројатно пират, рече вештакот Ричард Луис, пишува Телеграф.
– Учениците мислат дека е фантастично што костурот е пронајден длабоко под игралиштето, рече директорот Лаура Томпсон.