Министерство за култура распиша оглас за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на нов објект на местото на постоечкиот Театар Комедија, поранешен Македонски Народен Театар-Центар во Скопје.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 246.000.000 денари или околу четири милиони евра, а главен критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.