Кој вели дека новогодишните елки мора да бидат од дрво? Наместо класично новогодишно дрво, ви предлагаме несекојдневни елки кои одлично можат да се вклопат во вашиот ентериер. Елка можете да направите и од некои неочекувани материјали, како што се колачи, книги, тапи, хартија, картон, чевли, лего коцки, рамки за слики, па дури и од тркала за велосипеди.
Исто така, со боја или со креда на ѕид можете да нацртате „елка“ и на неа да залепите и прикачите украси и светилки.
Ако сакате да правите колачи, тогаш определете се за некои „слатки елки“, со кои сигурно ќе ги израдувате и најмладите. Освен што ваквите примери поттикнуваат на креативност, на овој начин, со спречување на сечење на млади дрвца, се развива и еколошката свест, особено кај најмладите.