Насловна / Архитектура / Контролната кула на аеродромот во Истанбул според решение на „Пининфарина“

Контролната кула на аеродромот во Истанбул според решение на „Пининфарина“

Новиот аеродром во Истанбул, кој ќе биде најголемиот во светот, ќе има флуиден дизајн на контролната кула, која „изненадувачки“ не е дело на Заха Хадид.

Всушност, Заха Хадид учествувала на овој конкурс, но, иако влегла во потесниот избор, „IGA“ го избрале решението на AECOM и на „Пининфарина“ за најдобро решение на контролната кула на аеродромот во Истанбул.kontrolna kula istanbul (5)

Овој проект ќе биде, исто така, прв во кој AECOM работи заедно со „Пининфарина“ – италијанската автомобилска дизајнерска фирма која ги осмислува новите модели на „Ферари“ и „Алфа Ромео“.kontrolna kula istanbul (3)

„Истанбулскиот аеродром, кој е еден од најголемите проекти во историјата на авијацијата, ќе има многу специфична контролна кула којашто ќе биде видлива од секој ‘гејт’. Баравме впечатлив дизајн за 21 век, кој ќе биде добро вклопен во препознатливото наследство на Истанбул. Затоа, ние сметаме дека ова решение на AECOM и „Пининфарина“ најмногу  одговора на нашите барања“, наведуваат од  „IGA“.kontrolna kula istanbul (4)

Кулата ќе има аеродинамичен облик – толку препознатлив за „Пининфарина“ – кој ќе биде во можност да го гледаат патниците кои пристигнуваат или заминуваат од аеродромот.kontrolna kula istanbul (2) kontrolna kula istanbul

Испрати коментар

Scroll To Top