Изградбата на новата административна зграда на Општина Карпош се одвива со засилено темпо. Во тек е завршување на работите на покривната конструкција, поставување на термоизолација и заштита од протекување.
Во внатрешниот дел на зградата се работи на поставување на преградните ѕидови како и заокружување на изолација на целиот објект поради поголема енергетска ефикасност. Покривот треба да биде завршен за десеттина дена, а вселувањето во новата зграда треба да биде во текот на мај идната година.