Ова е пример на едно ентериерно решение кое ни доаѓа од Русија и е дело на рускиот дизајнер на ентериери Владимир Болоткин. Со остро око за поставување на осветлувањето и кадифен мебел, овој ентериер е гостопримлив и чист, и во него не се изоставени местата за складирање и седење.
Светлечките тела во овој стан се скулптурално решени и како дрвца излегуваат од плафонот.
Низ целиот ентериер се употребувани смирувачки нијанси на сива, бела, кафена боја и сл. кои влијаат на расположението и ненападноста на овој простор.
Во трпезаријата се употребени бели столици кои лесно би можеле да се најдат и во школските училници, но со овој потег дизајнерот му дава одредена смиреност и едноставност на овој простор.