Повеќе граѓански асоцијации организираат нов протест против загадувањето на воздухот, и поради тоа што надлежните не преземаат никакви мерки за справување со загадениот воздух.
Протестот ќе се одржи во понеделник (28 декември), со почеток во 17 часот, пред Владата на Република Македонија.
Во прогласот објавен на фејсбук се вели дека „Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!
Организатори на протестот се Еко Свест; Фронт 21/42; Eco Guerilla (Tetovo); За нас се работи (Битола); Заслужуваме подобро!; Воздух Сега!; Ние сме Карпош 4; Ајде!; No Pasaran; Факултет за работи што не се учат; Стоп за фабриката Железара; Ќе дишеме или ќе издишеме; Скопје Смог Аларм; Стоп за загадувањето на Аеродром и Гази Баба; Го сакам ГТЦ; Плоштад Слобода; Профицио…