Архитектонското студио Заха Хадид го прошири своето поле на активност и влезе во водите на дизајнот на ентериери со својот најнов проект на станбена зграда во Њујорк, на Менхетен, на адреса 520 West 28 Street. Острите агли кои се типични за станбената резиденцијална архитектура на Њујорк заменети се со динамични кривулести линии.
Новата зграда, во којашто се сместени 39 луксузни апартмани, е прв станбен проект од овој вид за познатата британска дизајнерка.
Метално-стаклената фасада на зградата се издига на неколку нивоа, истовремено спојувајќи ги ентериерот и екстериерот во една заокружена целина.
Во внатрешноста, секој стан е индивидуално декориран и со дизајнерски печат на Заха Хадид. „Ентериери се идеално се вклопени во скелетниот дизајн на екстериерот, создавајќи едно монументално уметничко дело”, објаснуваат од студиото.
Повеќето од спалните соби имаат долги приватни балкони со лизгачки врати, споени бањи и огромни гардеробери. А самата зграда на станарите best online casino им нуди бројни содржини, како што се спа центар, затворен базен, зона за релаксација и сали за играње.