Утревечер со почеток во 20 часот, во галеријата FLUX ќе биде отворена изложбата насловена „Челични мисли“ на уметницата Маја Танева.
Делата кои ќе бидат претставени на изложбата се линеарни скулптури, коишто го премостуваат јазот помеѓу скулптурата и цртежот.
Ккао што пишува во текстот, делата се создадени од индустриски челични жици кои визуелно делуваат нежно, но впрочем се силни, цврсти и непоколебливи, исто како и мислите.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.