Денеска (18 декември), во 12 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи промоција на публикацијата „Музеите во Македонија“.
Публикацијата „Музеите во Македонија“, е дело на авторите Захаринка Алексоска-Бачева, м-р Бранислава Михајлова и д-р Крсте Богоески, во издание на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите, и претставува единствена и прва публикација од тој тип кај нас.
Реализацијата на публикацијата е овозможена со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Промотор на публикацијата „Музеите во Македонија“ ќе биде доц. д-р Даворин Трпески.