Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016-та година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари.
Капиталните проекти во општина Центар се изградба на ново основно училиште во Капиштец, за што се предвидени 341.000.000 денари, од кои 100.000.000 се планирани во буџетот, како и доградба на училници во основното училиште „Гоце Делчев“, со вкупна вредност од 21.000.000 од кои 10.000.000 се планирани во буџетот за 2016.
Меѓу покрупните проекти опфатени со буџетот за реализација во 2016 се одржување, изградба и реконструкција на урбана опрема, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, на локални патишта и зимско одржување, одржување и изградба на паркови и зеленила…
За детска заштита ќе се издвојат 130.660.000 денари, а предвидена е и реконструкција на улицата „Ленинова“ („Аминта Трети“), на дел од „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.