Насловна / Архитектура / Најубавата пустинска куќа вредна три милиони долари!

Најубавата пустинска куќа вредна три милиони долари!

Постојат многу куќи изградени во пустина. Ако пребарате на Интернет, ќе наидете на стотина примери. Притоа, секоја е специфична на свој начин и нуди карактеристики со кои се издвојува од другите. Но, ако наидете на една која е потпишана од Кендрик Бенгс Келог (Kendrick Bangs Kellogg), тогаш застанете за момент и видете какво чудо дизајнирал овој човек.

pustinskakuka1

Станува збор за уникатен дизајн на овој модерен и иновативен архитект, кој е преточен во вистинска пустинска куќа која се наоѓа во националниот парк „Дрвото Џошуа“ (Joshua tree) во Калифорнија во САД. Не само што е уникатна или претставник на чудните градби, таа амбиентално буквално се стопува со околината и има таква линија која одговара на пустинскиот карактер на локацијата. pustinskakuka2

Нејзиниот примарен дизајн наликува на искршена школка, еден вид на карпести сводови и кровни елементи, па добивате впечаток дека куќата всушност е направена меѓу карпи кои природно се обликувани, а дополнително со човечки труд се направени сите други аспекти од овој објект. Некои велат дека наликува на ребра кои се издлабени во карпа. Како и да е, таа е стопроцентно вклопена во целото опкружување.pustinskakuka3

Оваа пустинска куќа е градена пет години. Конструкцијата почнала во 1988, а била завршена според оригиналниот дизајн на Келог во 1993 година. Први сопственици биле уметниците Беверли и Џеј Дулитл кои се вљубиле во природата, па го ангажирале Келог да им направи дизајн за нивниот нов дом. Во моментов куќата е на продажба за скромни три милиони долари!pustinskakuka4 pustinskakuka5

Но, освен што вреди за парите, и по оригиналниот дизајн, куќата ќе ве воодушеви и ако влезете во неа. Се што постои како класична соба со намена за спална, кујна или дневен престој е комбинација на природата со имагинацијата. Така на пример, кујната е одлично разиграна и е неконвенционална во форма, но вклопена и во поглед на користениот материјал, но и на боите.pustinskakuka6 pustinskakuka7

Дневниот престој наликува на дизајн од научната фантастика каде доминира голем ТВ екран зад кој се наоѓа фонтана која користи природен дотек на вода од дождовите, а спалната соба е приказна по себе. Се што се обидуваме да ви раскажеме со зборови паѓа во вода само со едноставно фрлање поглед на фотографиите од пустинската куќа.pustinskakuka8 pustinskakuka9 pustinskakuka5 pustinskakuka10

Испрати коментар

Scroll To Top