Насловна / Вести / Покачувањето на морското ниво загрозува 2.000 острови во Индонезискиот архипелаг

Покачувањето на морското ниво загрозува 2.000 острови во Индонезискиот архипелаг

Indoneziski arhipelag

Експертите предупредуваат дека покачувањето на нивото на морињата, предизвикано од глобалното затоплување, до 2050 година ќе потопи 2.000 од вкупно 17.350 острови во Индонезискиот Архипелаг.

Нивото на морето до 2050 година во овој дел на светот ќе се покачи за 90 сантиметри, а тоа ќе предизвика потопување на околу 42 милиони куќи лоцирани на морскиот брег и во внатрешноста на островите со мала надморска височина.

Екпертите од Министерството за поморство и риболов на Индонезија денеска соопштија дека промената на нивото на морето и затоплувањето на водата во морињата и океаните ќе предизвика и невообичаени миграции на online casino водниот животински свет. Ако промените во природата продложат со вакво темпо, ќе се менува и календарот на риболовните сезони.

Министерот за поморство и рибарство Суси Пуѓиастути денеска објави и отворено писмо во кое апелира да се изработи програма за спречување на најавената катастрофа, но и на актуелните несреќи предизвикани од временските промени.

За да се оствари тоа, во следните 10 години потребно е во Индонезија да се образуваат повеќе од 10.000 експерти, кои во соработка со централната и регионалните власти ќе ги предлагаат и спроведуваат мерки за заштита. 

Испрати коментар

Scroll To Top