Припадниците на една заедница во американската сојзуна држава Ново Мексико живеат во домови наречени „Earthships“ (земни бродови), кои се целосно направени од отпад.
Иако се изградени од смет, куќите се изненадувачки убави. За овој интересен проект заслужен е архитектот Мајкл Рејнолдс.
– Сакав да го применам моето знаење во практика, но не на типичен начин. Не разбирам зошто би ги сечеле дрвјата и уништувале шумите за да градиме куќи. Нели природата е нешто што сакаме да го сочуваме. И зошто да плаќаме струја, вода и гас, кога можеме да користиме обновливи извори како дожд, ветер и соларна енергија, – вели Рејнолдс.
Тој дизајнирал вистини „направи сам“ куќи, а како материјал користел кал, гуми, алуминиуски конзерви и други материјали кои ги нашол на отпад.
Идејата почнало со неколку куќи, но сега цела заедница од местото Таос живее во „Earthships“ и изгледа дека ништо не им недостига.