Галеријата „Остен“ денеска попладне организира продажна изложба на уметницата Анка Данаиловска, насловена „Сочуваните спомени”.
До 26 декември посетителите ќе може да погледнат и купат цртежи и графики на авторката која со дел од нив учествувала на „Остен Биенале“ на „Цртеж Скопје 2016“, а дел ќе бидат достапни за откуп од љубителите на уметноста.
Графичарката Анка Данаиловска има реализирано дваесетина самостојни изложби во Скопје, Гевгелија, Париз, Куманово, Софија, Марибор… Од 1998 година, таа добила седум награди за своите цртежи и графики.
Данаиловска (Куманово, 1972) завршила средно училиште за применета уметност, а во 1995 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на графичкиот оддел во класата на проф. Димче Николов.