Денес во галеријата за современа уметност FLUX во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на академскиот уметник Горан Менков.
Поставката со наслов „Што е потребно да се постане дијамант?“ претставува седма самостојна изложба и со неа авторот се доближува до големите нарации, предизвикувајки го апсурдот, трансендентирајки ги разликите мегу формите суштински еднакви, „дијамантот“ и „графитот“, кои се во основа само две варијации на еден елемент – јаглеродот како „темел на сиот знаен живот“.
Дијамантот е најцврстиот материјал познат на човекот, и според авторите на изложбата, низ целиот овој процес се доаѓа до одговорот на веќе поставеното прашање, којшто е општо познат, но често заборавен – потребно е притисок и трпение за да се постане дијамант.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура.