Насловна / Вести / Прекината блокадата на Ректоратот – до четврток Сенатот да го објасни проектот

Прекината блокадата на Ректоратот – до четврток Сенатот да го објасни проектот

Студентскиот пленум му постави ултиматум на ректорот на УКИМ Велимир Стојковски. Тие денеска ќе му ги достават нивните барања и очекуваат до четврток да бидат разгледани. Потоа, истиот ден, во четврток, ректорот Стојковски да свика итна седница на универзитетскиот сенат, каде ќе биде одговорено на нивните барања.студентски пленум

Од пленумот го повикаа ректорот да понесе одговорност околу нетранспарентноста на целиот случај за изградба на двете нови факултетски згради во барок.

За таа намена во кампусот на УКИМ во саботата, рано наутро, беа исечени речиси 50 дрвја, што предизвика остри реакции кај пленумците.

Од Студенстскиот пленум велат дека вчерашната блокада на влезот на ректорската зграда не е бојкот, туку само испраќање на порака и извршување притисок за свикување на седницата.

Студентскиот пленум и Мугра повторно потенцираа дека се свесни за неповолните услови во кои студираат нивните колеги од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, но прашуваат: Зошто на ваков начин се води постапката за градба на овие факултети, кога во претходните години се предвидени неколку други локации за ФИНКИ и ФФК, во Карпош и во Центар. Токму поради нетранспарентноста на овој процес и овие проекти, според нив, се отвора прашање, дали можеби претходно предвидените земјишта ќе се користат за приватни цели?

Испрати коментар

Scroll To Top