Насловна / Архитектура / Кулата Фраjтаг во Цирих – уникатна продавница со уникатен дизајн

Кулата Фраjтаг во Цирих – уникатна продавница со уникатен дизајн

Двајца швајцарски бизнисмени, Даниел и Маркус, во 1993 година започнале необичен и уникатен бизнис, производство на чанти и сите додатоци за нив, од материјал добиен со рециклирање на стари церади од камиони, внатрешни гуми од велосипеди, воздушни перничиња и безбедносни ремени. DSC00665

Чантите и другите додатоци за нив се изработуваат рачно, во сите големини и сите бои. Секое парче е уникатно, за што се грижат неколкуте дизајнери. Идејата за нивниот бизнис ја добиле во времето кога живееле во областа Цирих Запад, близу до мостот Хардбрук. Нивната фабрика се наоѓа токму во таа област и има 60 вработени.DSC00664

Во 2006 година Даниел и Маркус решиле да ги продаваат своите уникатни производи во продавница изградена од контејнери. Изборот на локацијата и дизајнот на објектот е во согласност со филозофијата на брендот Фрајтаг. Првиот живот на чантите бил на патиштата, а првиот живот на контејнерите бил исто така на патиштата или на железницата. Бизнисмените ги овластиле циришките архитекти Анете Спилман и Харолд Ешле да го изработат проектот за нивната необична и уникатна продавница „Кула Фрајтаг“. DSC00666

Потребно било доста време архитектите да ги убедат градските власти дека дизајнот на продавницата е добар, дека објектот ќе биде стабилен и безбеден, а необичниот дизајн нема да ги навреди жителите од околината и локалната заедница.

DSC00667

Кулата Фрајтаг е изградена од 19 контејнери и висока е 26 метри. Ова е мини облакодер или како што често го нарекуваат „бонсаи облакодер“. Контејнерите употребени за градење на кулата се стари и ’рѓосани. DSC00669

Со многу труд, време и знаење, контејнерите се исчистени, зајакнати, заштитени од понатамошно ’рѓосување и пропаѓање, и кренати за да се формира кулата. Таа има четири ката продажен простор на кој се поставени 1.400 различни  производи од брендот Фрајтаг. На најгорниот кат или рамниот кров е видиковецот од каде може да се види целата област Цирих-Запад.DSC00686 DSC00688

Комуникацијата меѓу катовите е со еднокраки метални скали околу кои на четирите ката е организиран продажниот простор. Чантите се изложени на полици и на ѕидовите, според правилата на брендот Фрајтаг. Ентериерот е едноставен, но и необичен. Тој не конкурира на производите што се продаваат. DSC00689

Најважно во целиот ентериер е изложувањето на уникатните производи, и секој иден купувач може убаво да ги разгледа и проба. Архитектите обрнале внимание на осветлувањето на објектот, и внатрешно и надворешно.DSC00690

Пред две-три години производството на брендот Фрајтаг е збогатено со производство на фармерки и маици произведени од рециклиран текстил, и тие се изложени на еден кат од продавницата. Брендот Фрајтаг има и други продавници за своите производи во Швајцарија и во неколку земји низ светот, но дизајнот на „Кулата Фрајтаг“ е уникатен и единствен. Продавницата претставува икона на реурбанизираната област Цирх Запад или поранешната Индустриска област на градот Цирих. Можеби необично но реално. Кулата Фрајтаг функционира без проблеми веќе неколку години.DSC00695 DSC00693 DSC00694

Натка Ќосева  дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top