Во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечер ќе биде отворена изложбата „Енергија“ од уметникот Данчо Ордев.
Академискиот сликар Ордев пред прилепчани ќе се претстави со 30 творби – апстракции кои се пресек на неговото творештво од последните три години.
Делата на Ордев се дел од циклусот кој уметникот почнал да го создава од 1995 година и досега го развивал и творечки го надградувал.
Данчо Ордев е роден во Скопје. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Самостојно изложувал во земјава, Хрватска и Белгија, а учествувал и на групни изложби и на ликовни колонии во Македонија и во странство.