Ник Саливан, модниот уредник на списанието Esquire, во својот проект ja употребил фотографијата како мост кој го спојува минатото со сегашноста, и иконите на 20 век ги транспонирал во модерното време.
Неговото перфекционистичко око и извонредното чувство за детали, во фотографскиот проект отвора директен дијалог на минатото и сегашноста. Имено, Саливен ги земал историските фотографии и ги „стопил“ во фотографија на која истата локација е прикажана во сегашно време.
Иако овој тип на фотографска манипулација не е новост, Саливан се истакнал со своето неверојатно прецизно око, истенчено чувство за детали и со максимална посветеност, кадрите од историските фотографии совршено да ги смести во рамка на нивните современи верзии.
Така, во серијата фотографии се најдоа призори снимени многу одамна на улиците и некои познати локации во Лондон, Њујорк, Париз … Сепак, локациите овде играат споредна улога бидејќи како субјекти на фотографиите се издвојуваат значајни икони од светот на музиката, филмот и уметноста, како што се Боб Дилан, „Битлси“ , Кери Грант, Пабло Пикасо, „Ролинг стоунс“ и многу други.
На тој начин, низ фотографиите, овие великани успеале да допатуваат од црно-белото минато и да се најдат во модерниот свет во боја.