Минатата недела во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија се отвори изложбата „Современа македонска архитектура 1950 – 1995“, на која беа претставени истакнати македонски архитекти кои дејствувале во овој период во Македонија и надвор од неа.
Изложбата е реализирана од Асоцијацијата на архитекти на Република Македеонија со поддршка од Министерството за Култура на Република Македонија.
Изложбата, која беше посетена од поголем број на бугарски архитекти, Македонци кои живеат и работат во Република Бугарија и љубители на архитектурата, ја отворија директорот на центарот Васко Шутаров, претседателот на Асоцијацијата на архитекти Сања Раѓеновиќ Јовановиќ и претседателот на Академијата на архитекти при Асоцијацијата на архитекти на Макеедонија, Александар Смилевски. Изложбата ќе биде отворена до 22 декември оваа година.
Фото: Ангел Ситновски