Ова извонредно остварување на модерната американска и воопшто светска архитектура се наоѓа во Лос Анџелес, САД. Објектот се развива на повеќе од 28.000 м2 и е изграден во 2013 година. Негови творци се проектантите од архитектонското студио Brad McWhirtcr AIA, а тимот е составен од Sean David Blake Fisher, Erik Herrmann, David Merlin, Benjamin Rath и Judson Terry.
Овој објект во себе спојува две спротивставености како што се спортот и историјата, минатото и иднината, чистата кубична форма со меката и извиена форма. Во овој објект се сместени две функции кои претходно биле поставени во две одделни згради, и со овој потег дизајнерите придонесуваат за спојување на неспоивото.
Просториите во внатрешноста течат една по друга во еден мек и незабележителен, ненаметлив ритам, а тоа од надворешноста на објектот не може да се претпостави дека би можело да се случува во внатрешноста.