Во рамките на меѓународниот саем Design Miami, модната куќа „Луј Витон“ постави мала изложба Objets Nomads – колекција на декоративни елементи за домашна декорација која премиерно била на овогодинешниот Salone del Mobile во Милано.
Убавата колекција, ја раскажува приказната за патувањето како животно искуство и го испитува начинот на кој комуницира дизајнот со изработката.
Во колекцијата Objets Nomades, освен лежалки за гостински соби, ламби, столици, висечки столици за опуштање и нишалки, свое место има и новата кожна фотелја на расклопување во боја на коњак и тиркизно сино, која е инспирирана од плажите на Мајами и потпишана од страна на холандскиот дизајнер Marcel Wanders.
„Таа не е креирана само за Мајами – може да отпатува каде било, но сепак, јас не би ја очекувал во некое ски одморалиште“, изјави Wanders. „Тоа е парче кое сакате да го однесете во пријатна и топла клима, на сонце каде го пиеме нашето мартини“.