Десет проценти од најбогатите жители на планетата испуштаат повеќе од половина емисии на јаглероден диоксид (CО2), додека најсоромашната половина на земјата е одговорна за само 10 проценти од испуштањето на загадливи материи, наведува британската невладина организација „Оксфам“ во најновиот извештај.
– Богатите поединци и големите загадувачи со CО2 мора конечно да се сметаат за одговорни – потенцира во извештајот на „Оксфам“, Ромаин Беничио, одговорното лице за клима во француската невладина организација, додавајќи дека земјите во развој мора да го направат својот дел, но богатите земји треба да им го покажат патот и да ги сносат страшните последици од својот начин на развој и потрошувачка.
Според извештајот, лицата што се еден дел од процентот најбогати на светот „произведуваат просечно 175 пати повеќе CО2 од лицата што се меѓу десетте проценти најсиромашни“.
Извештајот за „Крајната нееднаквост и испуштање на CО2“ се објавува во рамки на големите меѓународни преговори за климатските промени кои се одржуваат во Париз и кои би требало да донесат амбициозен договор со кој ќе се ограничи глобалното затоплување на два степени Целзиусови во однос на нивото пред индустриската револуција.