До 2050 година снабдувањето со енергија во светот може целосно да биде префрлено на обновливи извори, се тврди во сценариото под името „Енергетска (р)еволуција“. Сценариото на „Енергетска (р)еволуција‟ го изработи организацијата „Гринпис‟ и Германскиот центар за воздушни и вселенски летови (DLR), а се темели на низа одделни студии. Тоа, за сега е најсеопфатно глобално сценарио на одржливо снабдување со енергија кое за климата би било подносливо. Напуштањето на фосилните извори на енергија се смета за најважен чекор со цел намалување на затоплувањето на земјината атмосфера.