Звукот што го испушта облакодерот „Битам Тауер“ во Манчестер им го загочува животот на луѓето од околните згради и куќи, кои она што го слушаат го опишуваат како „лелек“, „шум“ или „врескање“.
На Јутјуб е објавено видео на кое се слуша неверојатно гласниот звук што го испушта „Битам Тауер“.
Видеото е снимено во саботата, кога во градот дувал силен ветер. Жителите од околината на облакодерот на Твитер опишаа звуци кои доаѓаат од него, а кои ги потсетуваат на хорор и научно-фантастични филмови.
Архитетктот Иан Симпсон им се извини на сите жители, кои звукот од 47-катница ги остава без сон. Тој за „Мначестер Ивнинг Њуз“ изјави дека звукот настанува кога ветерот удира во стаклената карпа на врвот на облакодерот.
Таа карпа нема никаква цел, а на облакодерот е поставена само како декорација.
– Јас сум целосно свесен за бучавата која настанува, затоа што живеам на врвот на облакодерот. Сакам на сите да им се извинам, бараме решение и следната година повеќе не би требало да го има овој проблем, – рече тој уште во 2012 година.
Како што може да се слушне од видео-снимката, проблемот очигледно се уште не е решен.
www.youtube.com/watch?v=ZRCcGUvmZDE