Во фоајето на лондонскиот хотел Claridge, од пред некој ден блесна огромна елка составена од стотина златни и сребрени чадори, потпишани од страна на креативниот директор на Burberry, Кристофер Бејли.
Следејќи го примерот на своите модни колеги, Доменик Долче и Стефано Габана, Албер Елбаз и Џон Галијано, кои во претходните години имале чест на украсување на новогодишната елка во холот на хотелот Claridge, оваа година на ред дојде и креативниот директор на Burberry.
Кристофер Бејли, овој Божиќ го замислил во брилијантни златни и сребрени тонови во кои ги преслече повеќе од сто чадори и ги сложи во божиќно дрво. Целиот проект бил спроведен во текот на ноќта и гостите на хотелот во утринските часови ги дочека неверојатно изненадување.
Слегувајќи од своите соби на појадок, гостите биле воодушевени од шестметарската божиќна инсталација што го „запали“ целиот лоби. На оваа бајковита сцена придонеле и 77.000 сијалички, коишто се активираат на движења, или кога гостите се симнуваат по скалите.