Насловна / Вести / Протест „чевли на улица“ за заштита на животната средина

Протест „чевли на улица“ за заштита на животната средина

Cevli na ulica-eko protest

Во пресрет на Конференцијата за климата, што почнува утре во Париз, членови на повеќе еколошки организации денеска организираа протест во францускиот главен град со оставање чевли на „Плоштадот на Републиката“.

Протестот „чевли на улица“ има за цел да ги поттикне лидерите учесници на самитор во Париз да постигнат договор за мерки за ограничување на глобалното затоплување и климатските промени.

cevli na ulica-eko protest1

Еколошките активисти се решија casino online на ваков начин да го искажат својот протест, бидејќи поради вонредната состојба во Франција, воведена по нападите во Париз на 13 ноември, забранети се секави масовни собири и демонстрации.

Екологистите планираа масовни улични протести за време на Конференцијата за климата во Париз, но поради новонастанатата состојба по нападите, решија такви собири денеска да се одржат во повеќе градови ширум светот.

Организиците за заштита на животата средина бараат од учесниците на Конференцијата за климата, што ќе трае до 11 декември да постигнат договор за „сериозни ограничувања на емисиите на штетни гасови“, како и да им помогнат на сиромашните земји да се справат со последиците од глобалното затоплување.

Испрати коментар

Scroll To Top