Во Неготино се предадени во употреба Канцеларијата за заедничкото одделение за енергетска ефикасност на осум општини од Вардарскиот плански регион и Информативниот центар за енергетска ефикасност на овој регион кои се лоцирани во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во централното подрачје на градот.
За значењето на проектот и очекуваните ефекти зборуваа градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Лазар Гечевски и постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.
Извор: telegraf.mk