Насловна / Вести / Најголемиот брод на светот

Најголемиот брод на светот

Najgolem brod vo svetot1

Титаник изгледа како јахта во однос на овој брод, кој е поголем и од најголемиот носач на авиони. Се работи за „Pioneering spirit“, најголемиот брод на светот. Долг е 382 метри и широк 124 метри, и на него би можеле да се сместат пет авиони „ербас А380“. Бродот е сопственост на компанијата „Allseas“ со седиште во Швајцарија. Ќе се користи за изградба на офшор постројки, како што се нафтените платформи. Мегабродот се движи со помош на осум дизел мотори со по 20 цилиндри, со вкупна моќност од 128.430 коњски сили. Максималната брзина му е само 26 km/h,  но тој не е ни замислен да биде брз, туку да транспортира голем товар.

Najgolem brod vo svetot

„Pioneering spirit“ може одеднаш да подигне 48.000 тони, што еквивалентно на 48 авиони „ербас А380“ со полни резервоари гориво. Бродот во моментот е усидрен во Ротердам. Кога ќе започне со пловидба, неговата локација ќе може да се следи во реално време со помош на Vessel Finder. Иако првобитно било планирано да заплови ова лето, поставувањето на механизмот за подигање и пробната пловидба ќе потрае уште неколку месеци. Но, сепак, сосема е извесно дека во првото тромесечје на наредната година ќе тргне на својата прва пловидба. Можеби фотографиите нема да ве убедат во грандиозноста на овој брод, но видеото секако ќе успее во тоа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top