Насловна / Вести / Откриени околу 50 „градови духови“ во Кина

Откриени околу 50 „градови духови“ во Кина

Grad -duh- vo KIna

Се чини невозможно да исчезне цел град, но токму тоа се случило во Кина. И тоа не еднаш, туку педесетина пати. Познатите „градови духови“ станаа дел од интернет-културата последната деценија, а Кина има доста ненаселени големи станбени блокови и пусти улици.

Grad -duh- vo KIna1

Истражувачите што ги ангажирала компаниајата „Баиду“, ги искористиле податоците од 770 милиони нејзини корисници и дошле до заклучок дека во Кина има околу 50 вакви градови. Станбените подрачја со помалку од една четвртина очекувани корисници на мрежата Баиду се обележани под категоријата „градови духови“.

New apartment buildings where the local government built homes for former miners and farmers as part of an urbanisation programme, are seen in Mentougou district, suburb of Beijing

Најмногу кинески градови исчезнале во последните десет до петнаесет години по донесувањето на законот што им овозможил на локалните самоуправи евтино да купуваат рурални парцели, а потоа инвеститорите со помош на евтини кредити за кратко време изградиле огромна маса станбена површина.

Residential homes line a deserted street in the Kangbashi district of the town of Ordos in China's Inner Mongolia Autonomous Region

Многумина претерале во своите прогнози и повеќекратно ја надминале реалната побарувачка на пазарот. На некои парцели изградени се милиони станбени квадратни метри со придружна инфраструктура, а никогаш не се населени. Така настанале кинеските „градови духови“, кои потсетуваат на опустошени населби од некој постапокалиптичен свет.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top