Малезиската архитектка Елена Џамил изградила павилјон од бамбус во ботаничка градина во Куала Лампур, кој содржи низи кои наликуваат на дрво и под направен од триесет и една подигната платформа. Џамил го дизајнирала „Бамбу плејхаус“ за ботаничката градина во паркот „Пердан“, кој се простира на 22 хектари во центарот на градот.
Игралиштето е подигнато од земја и има распореден под составен од триесет и една одвоена платформа на островот опкружен со шума, секоја од ние е обвиткана со ограда и покрив, составени од бамбусово дрво, во низи кои наликуваат на растение, пратејќи ја нивната форма. Според архитектите, бамбусот е зелен челик.
Професор од швајцарскиот технолошки факултет во Цирих работи на нова апликација за овoj вид на дрво, која, како што рече тој, може да понуди подолготрајна и поевтина алтернатива од челикот и бетонот.