Насловна / Арт и дизајн / Изложба на графики од Евгениј Пантев во Куманово

Изложба на графики од Евгениј Пантев во Куманово

Relics I

Денес (26 ноември) во  изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на графики на академскиот графичар Евгениј Пантев.

Авторот ќе се претстави со 25 графики од неговиот најнов творечки опус, а кумановската ликовна публика ќе има можност за првпат да се запознае со неговото творештвото.

Евгениј Пантев, во графичкиот медиум создава и опстојува повеќе од две децении. Пантев, според ликовниот критичар Дејан Буѓевац, како зрел графичар и уметник останува доследен на една прецизна, фина и сосема промислена графичка поетика.

Relics VII

Тој сета своја ликовна култура и естетска сензибилност ја изразува исклучиво преку графичката уметност како „затворен“ визуелен медиум. Особено со својата тактилна и посветена почит кон „традиционалната“ специфична техника како што е сува игла (длабок печат), со која Пантев креира навистина еден особен и искусен визуелен контекст ослободен од можностите за некакво поинакво и „трендовско“ третирање на графичкиот лист.Relics XVII,50X70,aquatint

Куратор на изложбата е Дејан Буѓевац.

Пантев до сега реализирал шест самостојни изложби и земал учество на над 100 меѓународни графички изложби во странство.

Relics VI

Изложбата ќе биде отворена до 10 декември.Relics II

Испрати коментар

Scroll To Top