По некое правило, креативни луѓе секогаш имаат интересни и елегантни домови, па така еден од нив е и фино уредениот скандинавски ентериер веќе подготвен за Божиќ, во сопственост на Ким Ван Росенберг, уредник и стилист на холандското списание Home& DIY. Нејзиниот дом е сместен во куќа во градот Нејкерк во Холандија, која некогаш претставувала јавна библиотека. Куќата е уредена многу елегантно. Стилот е скандинавски, со многу чисти и убави обележја, како што се високи тавани, големи прозорци, црна челична врата, дрво, бетон и многу детали во палета од сива и бела боја. Внатрешноста е стилизирана, ненаметлива и подготвена за божиќните празници, со многу убави детали, како што се венци, дрвени ѕвезди и минималистичка божиќна елка.