Реализиран како современо дополнение на голема стара фарма во близина на градот Малме, во Шведска, дизајнот на оваа викендица претставува манифестација на шведската традиција и ритуал на користење на сауните и бањите.
Покрај сауната и нејзините придружни содржини, во оптимални размери објектот обезбедува и простории за станбено домување.
Применетата дрвенарија при обликувањето на ентериерното уредување, како и за обликувањето на фасадната обвивка и партерот придонесува за целосно вклопување на објектот во пошуменото опкружување, дефинирајќи мало приватно засолниште затскриено од хаотичното секојдневие.