Ситуирана во мало рибарско село во Шведска, оваа куќа претставува дел од проектот за развој на Wiklands Backe, кој сочинува кластер од 11 домови.
Внатрешноста на објектот циркулира околу стара метална печка, излиена во голем бетонски блок, позициониран во центарот на главната просторија, од кој се надвиснува оџакот, потенцирајќи ја висината и специјалноста на просторот.
Високиот плафон ја специфицира уникатноста на ентериерот, наспроти традиционалната форма на структурата.
Со квадратура од 140 м², овој објект е најмалиот од трите прототипови за развојот на Wiklands Backe, проектирани од шведското архитектонско студио Sandell Sandberg.
Екстериерот на куќата е поделен во две секции од кои, фронталниот дел се карактеризира со данска, рачно редена тула, додека втората секција е обликувана од црни борови талпи на приземјето и сив цинк во кровната покривка. Целта на ваквата поделба на фасадниот израз произлегува од желбата за минимизација на размерот на целината, доближувајќи се кон стилот и традицијата на градење во околината, окарактеризиран со различни варијации на волумени и материјали.
Насловна / Архитектура / Фузија на современиот и традиционалниот шведски стил од Sandell Sandberg Architects