Околу пет милиони евра од ИПА фондовите на ЕУ наменети за Република Македонија се наменети за реконструкција на 11 железнички станици долж Коридорот 10, вклучувајќи ги и оние во Скопје, Велес и Демир Капија.
„ЕУ е свесна за важноста на овие проекти, наменети пред се за доброто на граѓаните со оглед дека железничката мрежа е една од основите за целокупниот понатамошен развој на земјата. Коридорот 10, како дел од проширувањето на мрежата на Трансевропски транспортни коридори во Западен Балкан, е еден од приоритетите на ЕУ“, информираат од Министерството за транспорт и врски.