Успешно се одвиваат активностите околу двата најважни проекти во Штип. Едниот е активност на источниот-плански регион и Општина Штип, а вториот приватен проект. Но, важно е што и во двата случаја станува збор за исклучително важни објекти кои во првата половина на идната година треба да добијат конечна завршница.
На почетокот на септември, започна изградбата на Мултимедијалниот центар во Штип, на локација Бриони, на местото на старото летно кино. Проектот се спроведува во соработка со Општина Гоце Делчев од соседна Бугарија, како проект финансиран од ИПА програмата на ЕУ. вредноста е над 180.000 евра а градежните работи ги изведува штипската фирма „Актива“. За околу три месеци, поставена е целата метална конструкција на објектот со што се создаваат услови за фасадно обликување. Постојат можности до крајот на годината надворешниот дел на мултимедијалниот центар да биде завшен, со оглед на временските услови кои одат во прилог на градежниците а идната година јасно е дека Штип ќе добие модерен мултимедијален online casino објект со сите параметри.
Инаку под мултимедијалниот центар, полека се заокружува и станбениот комплекс “Порта“ каде се гради повеќекатница.
Паралелно, при крај е и завршувањето на металната конструкција од проектот за обнова и реконструкција на дел од градскиот трговски центар кој го презедоа неколку изведувачи. Изминатиот месец се работеше брзо на поставување на металниот костур на дел од трговскиот центар од предната страна и наскоро се очекува да започне фасадното уредување. Тоа значи и дека Штип по повеќе од 30 години конечно преку приватна инвестиција ќе го обнови трговскиот центар кој со години беше предмет на потсмев со оглед на очајната состојба во кој беше објектот. Наместо огромната тераса која беше претворена во голем, незаконски јавен тоалет, сега сета површина е функционално наменета за комерцијални содржини.
Инаку идејниот проект за надградба и реконструкција на дел од градскиот трговски центар во Штип е подготвено од „Радиус архитектс“ од Скопје, од проектантскиот тим: Мартин Пановски, Александар Наумчески, Јана Гугуловска и Душица Диновска.Реконструкцијата се одвива во две фази, обнова на терасата и обнова на холот со површина од над 1300 м/2 кое тече паралелно. Изведувачи на проектот се „Алмонт“ и „Бау инженеринг“ од Штип, а надзорот е на „Типинг“ од Велес. Инвеститори се неколку фирми, здружени во субјектот „Игедо“.