За време на викендот, операторот „Коле Транс Инженеринг“ од Штип го заврши асфалтирање на околу 1000 метри улици во Долани:
– Ова беше значајна инвестиција бидејќи Долани е значајно село во Лакавичкиот регион. проектот е реализиран со поддршка на Владата на Р.М и Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој. Го направивме патот од пристапот во селото близу регионалниот пат, па се до манастирот Свети Илија. Должината на асфалтираниот пат е околу еден километар а инвестицијата е околу 6 милиона денари – изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.