Напуштените места секогаш претставуваат место за неисцрпна инспирација за многу уметници. Дали се работи за сликари, фотографи, режисери или, пак, станува збор за обични луѓе кои само ги интересираат ваквите места, секој од нив е фасциниран на свој начин од ваквите градби, особено ако станува збор за грандиозни градби кои кај секого предизвикуваат импресија поради нивната големина.
Peter Untermaierhofer е германски фотограф кој со фотографија се занимава од 2008 година. Често пред неговиот објектив се наоѓаат напуштени места кои во минатото играле важна општествена улога, а денес се оставени да скапуваат на забот на времето.
Во продолжение погледнете ги уметничките фотографии на овој извонреден фотограв кои се направени на различни локации низ Европа и на истите се наоѓаат напуштени индустриски објекти како фабрики, пивари, складови и слично.