Кина свечено го промовираше во Шангај својот прв патнички авион Ц-919, кој треба да биде конкурент на „боинг 737“ и „ербас А-320“. Производител на овој авион е кинеската аеронаутичка компанија Commercial Aircraft Corp of China.
Во соопштението на компанијата се наведува дека веќе се нарачани 517 авиони. Тестовите на земја за повеќе вградени системи за контрола, ќе бидат направени наскоро. Според пресметките на компанијата, овој авион ќе троши 15% помалку гориво и ќе има 50% пониска емисија на јаглерод диоксид од претходно споменатата конкуренција. Има 158 седишта, а најдолгиот лет е лимитиран на 5.555 км.
Пробниот лет е планирано да се изврши во првата половина од наредната година, а првите испораки за најавените купувачи се на распоредот за 2020 година.